Кардула: Поминавме низ истата агонија како родителите на Eмбла

Познатиот македонски уметник, сликар, графичар и дизајнер, Зоран Кардула, се огласи по случајот на дискриминирано девојче со нетипичен развој. 

-Целата оваа случка со Eмбла ме врати можеби на најтешкиот перод во мојот живот кога поминувавме низ една агонија со прифаќањето на Ерато во школо и борбата со родителите кои не сакаа нивното дете да учи со дете со аутизам. Тешка е таа борба но нема попуштање. Затоа од искуството наше сакам само да им пренесам на родителите на Eмбла дека вашата ќерка ги има истите права како и секое друго дете, затоа немојте да попуштате на притисоците на родителите кои прво треба да се срамат поради ваквиот чин, второ ги лишуваат сопствените деца да научат повеќе за емпатија и прифакање на различностите за што еден ден ќе им бидат благодарни а и надлежните институции да превземат мерки поради ова нивното однесување, порача Кардула кој е татко на дете со аутизам. 

Инаку уметникот е познат и по неговата книгата „Гуш и бац“, составена од 47 зборови, кои ги изговара неговата ќерка, Ерато, која има 11 години.