Денеска одлучив да престанам да чекам

Не сакам веќе да чекам подобри денови, да те чекам тебе кој треба да се реши дали ме сака, не сакам да чекам подобра работа и подобри пријатели. Тоа ми создава несреќа.

Најважно е тоа што го имам до себе и пред себе, а денеска дојде денот да го научам тоа. 

Сакам мојот живот да биде најубав и најдобар, но тоа не значи дека треба да чекам подобри денови. Никој нема да ми го донесе тоа, ако самата не се погрижам за тоа. Но, пред сè треба да научам да го ценам тоа што го имам. На крајот на денот, надежта е таа која ме држеше во живот, но и тоа што ми донесе многу нервоза и солзи.

Не можам да живеам од надеж, сакам да живеам од реална љубов. 

Сакам да ги сакам соништата и целите кои ми се остварија, не сакам постојано да сонувам за нешто големо кое никогаш нема да дојде. 

Се откажувам од сето тоа. Решавам да сум среќна денес и утре,но со тоа што го имам и ќе го создавам денес. 

Одлучувам да престанам да чекам. Живеам еден живот, а не сто.