Никогаш немојте да чекате: Или ќе биде или нема да биде!

Никогаш не чекајте.

Или ќе биде или нема.

Ова важи и за љубов, пријателство, помош, состаноци, работа...

Работите се случуваат или за нив се сонува.

Сонувањето е прекрасно, но сонувањето ги одложува работите.

Работите за кои сонувате едноставно не постојат.

Но, кога ќе тргнете во поход да го остварите својот сон, тогаш станувате конкретни, правите конкретни чекори, дејствувате, поставувате прашања.

Ако на прашањата не добивате одговори – бегајте!

Нејасноста ве држи заробени.

Кога нешто чекате, знајте дека тоа е суптилен вид на манипулација.

Оној кој ве сака ќе дојде, оној кој помага ќе ви помогне веднаш, оној кој поправа ќе поправи веднаш, сѐ се случува брзо и ефикасно.

Не ги замислувајте луѓето во вашата глава, туку гледајте што прават, затоа што тоа е најблиску до вистината.

Ако тропате на врата која не се отвора, продолжете да тропате, но променете ја вратата!