Што чекаш?

„Каде всушност треба да води овој живот? Кога веќе сакаш да чуеш што мислам за тоа, ќе ти кажам: само молам без аплаузи! Не сакам да го пикнам овој живот во некое непрестајно чекање.

Што правиш по цел божји ден, постојано чекајќи нешто? Плата, вечера, пролет, летување, зима, да проврие ручекот, да се загрее печката, матура, па факултет, па маж, па деца, па внуци, па дожд, па сонце, па да престане ветрот, па да го отплатиш кредитот, па да заминат досадните гости од дома, па да почне претставата, да почне некоја телевизиска масажа – и што си правел? Ништо! Непрестајно си чекал некој ѓавол и тој навистина дошол, мислам на тој ѓаволот, ама извини, ама веќе било доцна.

Сакам се да ми се случува веднаш. Еве сега! Сакам да молчам и да ја слушам музиката која ми се допаѓа и ништо да не чекам, туку само да постојам, така некако – да ги чувствувам рацете, нозете, забите, непцата, косата. Со еден збор, сакам баш сега да живеам, ако ме сфаќаш што сакам да кажам?“

Момо Капор, „Белешките на една Ана“