Македонија е на 89. место на светската ранг листа за среќа на која се опфатени 156 земји, покажува Извештајот за среќа за 2018 година што го објави Организацијата на Обединетите нации.

Од земјите во регионот, најсреќни се Словенците на 51. место, а следуваат Косово (61), Србија (78), Грција (79), Црна Гора (81), Хрватска (89), БиХ (93) и Бугарија (110).

На врвот на листата на среќа на ОН е Финска, пред Норвешка и Данска, а во топ 10 најсреќни семји се и Исланд, Швајцарија, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Шведска и Австралија.

Најнесреќни во светот се граѓаните на Бурунди.

ОН го обајвуваат светскиот извештај за среќа, а се изработува врз основа на истражувања во секоја од 156 рангирани земји. Анкетираните со оценки од 1 до 10 одговараат на прашалник за одредени фактори во нивните земји како што се квалитетот на живот, сочувството кон другите, слободата, великодушноста, исреноста и здравјето.

Што им фали на Македонците за да бидат среќни?

Подобар живот за себе и за своите најблиски. Нормална и стабилна работа, со нормална и редовна плата, која ќе биде доволна за еден солиден живот, е само еден мал дел од она што го сакаат луѓето за еден подобар живот.

Подобро здравство, судство, полиција. Некој кој ќе се грижи постојано за нивната безбедност. Подобри патишта и инфраструктура.

Меѓународниот ден на среќата прв пат беше одбележан на 20 март на 2012 години кога  Обединетите Нации на 28 јуни  2011 година одлучија секоја година на 20 март да се прославува Денот на среќата, ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, истакна дека овој ден треба да нè потсети да им помагаме на другите луѓе.

„Потрагата по среќата лежи во јадрото на човечките напори. Луѓето низ светот се стремат да водат среќен и исполнет живот, ослободен од страв и бедност, и во хармонија со природата… Кога придонесуваме за општото добро, ние сме побогати. Сочувствувањето ја зголемува среќата и ни помага да ја изградиме иднината која ја посакуваме“ – изјавил тој.

Денеска размислете за се’ што ве прави среќни и потрудете се тоа да го правите секој.

А што е среќа ?

Среќа е да го пиете утринското кафе со колегите.

Среќа е да си здрав.

Среќа е да си сакан.

Среќа е да имаш семејство што го сакаш и што те сака.

Среќа е да имаш сестра или брат.

Среќа е да имаш дедо што ти ја плаќа сметката за телефон.

Среќа е сончев ден во парк.

Среќа е да имаш пријатели кои се секогаш тука за тебе.

Среќа е да си најдеш заборавени пари во џебот.

Среќа е неочекувана  порака.

Среќа е да возиш ролери а да не паднеш.

Среќа е да носиш високи потпетици и да поминеш без плускавци.

Среќа е да направиш грешка на работа, а никој да не примети.

Среќа е омилената песна на радио.

Среќа е дома да те чека готов ручек на маса.

Среќа е петок во 16.30 часот!

Среќа е викенд на езеро.

Среќа е да се смееш со колегите на глупави видеа.

Постојано трчаме за пари, често заборавајќи ги нашите најмили и луѓето кои ни значат. Сите ја бараме среќата, а се чини дека таа бега од нас.

Еден  89-годишен старец од балканските простори има кажано неколку мудри зборови кои сите ние треба да ги послушаме

Кога го запрашале што е заедничко за сите луѓе на светот, тој рекол:

„Тоа што детството им е досадно, брзаат да пораснат, а потоа сакаат да бидат деца. Трошат здравје за да стекнат пари, а потоа трошат пари за да си го вратат здравјето. Живеат како никогаш да нема да умрат, а потоа умираат како никогаш да не живееле.“

Потоа тој им пренел многу важна порака на сите млади луѓе:

„Младите треба да научат дека никого не можат да присилат да ги сака. Треба да научат дека не е највредно тоа што го поседуваат, туку кои се во својот живот. Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите. Дека не е богат човекот кој највеќе има, туку оној кому најмалку му треба. Да научат дека неколку секунди се потребни за да ги повредиме оние кои ги сакаме, а потребни се години за да ги излекуваме. Да сфатат дека постојат луѓе кои нежно ги сакаат, но тоа не знаат да го кажат, ниту да го покажат. Да научат дека со пари можат да се купат многу работи, освен среќа. Да научат дека две луѓе можат да видат една работа, а различно да ја толкуваат. Треба да научат дека вистинскиот пријател е оној кој ги знае твоите маани, а сепак те сака.“

Дали после овие зборови ќе застанеме на момент и ќе се запрашаме дали грешиме некаде? Дали ќе кренеме рачна и ќе почнеме да обрнуваме внимание на светот околу себе? Тоа зависи од нас...