Ние „кукаме“ од 8 часа на работа, а учениците имаат 180 часа на училиште, плус 180 на приватно

Марина Коруновска, просветен работник, се обиде со објава на социјалните мрежи да ги „освести“ родителите, но и сите инволвирани во образовниот систем дека на денешните деца им е навистина напорно. 

Вели дека месечно 180 часа на училиште и уште 180 на приватни часови имаат децата, констатирај'и дека ние возрасните 8 часа работно време тешко издржуваме и само кукаме... 

Ова е нејзината објава, а вие проценете дали е реална! 

-Системот пука од сите страни! Не е одржлив повеќе! Учебниците ги менуваат кој како ќе дојде на власт. Во тие министерствата има некој што може да му кажи колку можи да издржи активност детскиот мозок?

Ве молам, не ги притискајте децата во овој луд свет, кој им го наметнавме, да учат небулози и да се во депресии, стравови, анксиозности поради тоа што нивниот кревок мозок и срце не го издржуваат тоа! Нафрлани информации без смисла, логика и здрав разум.

Свесни сме дека ги губиме децата секој изминат ден?

17 години ги следам...од 3 до 18 год....Знаете што? Страшно е! Па зарем петките се поважни од психичкото здравје, а после тоа и физичкото( пошто 90% од болестите се психосоматски) на нашите најмили!

Очите им се празни, тешко е да се насмеат, не се наспани, не се наиграни....

Сите психолози алармираат....Зарем ги родивме за да се робови ???

Ги вежбаме лажно да се смејат, лажно да се сликааат, да веруваат во лажни вредности...Ние, да, ние возрасните носиме одговорност за секоја болка и страдање на секое дете !

180 часа на училиште и уште 180 на приватни часови...АРНИ СМЕ??? Па ние 8 часа работно време тешко издржуваме и само кукаме...

ГИ ГУБИМЕ ДЕЦАТА! Не во странство, туку ни венеат пред нашите сопствени очи!