Делови од неколку скопски општини без струја

ЕВН Македонија, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат општините Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров и Илинден.

- Oд 09:00 до 10:30 часот, корисниците од делови од улиците: Христифор Жефаровиќ, Пролетна Офанзива и Радован Ковачевиќ во општина Гази Баба.

- Oд 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улица Багдатска бр.20 и бр.18., булевар Партизански Одреди бр.59., улица Рузвелтова бр.30 и бр.47 Ангел Димовски и 23-ти Октомври во општина Карпош.

- Oд 09:00 до 14:00 часот, корисниците од населбата Стопански двор (Блага вода) – дел од улицата покрај гробиштата кај црквата Св.Арахангел Гаврил во општина Ѓорче Перов.

- Oд 12:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од населба Илинден во општина Илинден.

- од 12:00 до 13:30 часот, корисниците од село Крушопек во општина Сарај, Долно и Горно Нерези и објектите на Водно дел од населба Илинден во општина Карпош.