Делови од две скопски општини утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре  (четврток),без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од ул.Ринхини и ул.Езерци (општина Карпош) и

 - во периодот од 12:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од ул.Борка Талески и ул.20-ти Октомври (општина Центар).