Неколку скопски улици попладнево без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека попладнево поради дефект на шибер ф 200 мм на ул.Скендер Бег Кастриоти , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Иван Хаџиниколов, Ромен Ролан, Скендер Бег Кастриоти, Дреновска Клисура и дел од Димитар Гуштанов. 

Прекинот е од 14:55 часот до санирање на дефектот.