“Деца из воде“ EKV Tribute Band во Станица 26

“Деца из воде“ е Белградски EKV (Екатaрина Велика) Tribute бенд. Проектот е создаден пред две години со идеја концертно да се одбележи сеќавањето на Милан Младеновиќ, фронтменот на EKV, EKV како култен бенд и нивниот музички опус.

Едно од главните одбележја на овој бенд проект е тоа што е единствен EKV Tribute бенд кој е формиран во составот исто како некогашните EKV. Во улога на Милан Младеновиќ како вокал и гитарист е Зоран Младеновиќ, а како некогаш Маргита на клавијатура свири веќе добро познатата млада уметница Луна Шкопеља, на бас гитара Срѓан Николиќ, а на ударни инструменти е Никола Рајовиќ. Сите членови на овој состав се искусни и врвни музичари, а заедничката страст према EKV ги спои во овој проект и состав.

На 14ти мај овој бенд за прв пат ќе настапи во Македонија, Скопје во клубот “Станица 26“ со почеток од 20:30 часот.

На репертоарот се сите најголеми хитови од сите шест албуми на EKV, дополнително нивното деби “Катарина II“, а ги свират и двата најголеми хитови од периодот на Милан Младеновиќ во групата “Шарло Акробата“.

Од страна на музичката и стручна јавност бендот “Деца из воде“ е прогласен за најдобар EKV Tribute бенд и дека нивниот звук и целиот настап се најблизу до оргиналниот. Бендот досега има реализирано преку 10 концерти, а најголемите беа во Нови Сад, Белград, Загреб, на 14ти Мај е за прв пат во Скопје.

Публиката, освен концертот ќе има можност да види и интересни фотографии и видео спотови, а пред почетокот на концертот ќе биде емитуван краток ТВ филм “Дечак из воде“ во кој публиката ќе може да види неколку познати музичари како зборуваат за Милан Младеновиќ во периодот на работа на култните EKV и какво е нивното значење во музичкото друштво денес.

Влезните билети за настанот во претпродажба може да се набават преку продажната мрежа на MKTickets по цена од 250 денари.
http://mktickets.mk/deca-iz-vode-ekv-tribute-band