Дали во Скопје функционираат само 5 екипи на Брзата помош?

Фејсбук став на скопјанец ја разбранува јавноста - Дали во главниот град функционираат само 5 екипи на Брзата помош?

-Дали може некој поупатен да ја потврди или демантира информацијата дека цело Скопје во моментов го опслужуваат 5 екипи на брза помош во една смена ? Јас мислев дека се 7, ама некаде прочитав дека ни толку не се...

Значи, неколку комбиња брза помош за цело Скопје и преку 3000 службени возила за клептоманите во костуми наречени политичари!

Каква шизофренија човече...

Уште што треба да се случи за овој народ да ја крене главата, да ги казни и да почне да ги тепа, баш таму на фотелјите каде ние ги поставивме?! - порача Мартин Јованоски на Фејсбук, видно револтиран.