Доктор Нико Беќаровски со предлог како да се реши сообраќајниот хаос со паркирањето на Клинички.
Тој смета дека изградбата на современ Ургентен центар на местото на сегашниот паркинг меѓу ГАК и Хируршкиот блок, над кој ќе има катна гаража е единствено решение за секојдневниот сообраќаен хаос во Клинички.
- За вработените иста таква катна гаража може да се изгради кај модуларната болница. Движењето на сите возила, освен Брза помош и Интерклиничките возила во останатиот дел би бил строго забранет, а за неподвижните пациенти би постоеле соодветни колички. Не измислувам "топла вода", само сугерирам како да се "искористи", а и полесно ми е кога ќе си кажам, порача докторот на својот фејсбук профил.