Брза торта со бисквити и овошен јогурт!

Состојки:

500г плазма кекс

1л овошен јогурт по желба

500 г овошје по желба (рибизли, малини, јагоди, капини...)

200-250г шеќер

250г шлаг

Газирана минерална вода

Подготовка:

Кексот здробете го во раце.

Соединете ги овошниот јогурт и шеќерот, непрекинато мешајќи.

Потоа измешајте го кексот со овошен јогурт, па на крај додадете и овошје.

Овака подготвената смеса можете да ја ставите во калап за торта или сад во кој сакате да ја служите. Фино израмнете ја смесата, па ставете ја во ладилник за да се стегне.

Кога ќе ја извадите од ладилник, изматете шлаг со кисела вода или слатка павлака.

Премачкајте ја тортата со шлаг и украсете со овошје по желба.