Банана колач со чоколадо

Превкусна варијанта на популарниот леб од банана. 

Состојки:

450 гр излупени банани 
3 јајца
300 гр чоколадо за готвење
Ванилин шеќер
200 гр меко брашно

Подготовка:

Излупените банани згмечете ги со вилушка. Додадете ги јајцата, а потоа изматете ја смесата со миксер додека сето тоа не се соедини убаво.

Чоколадото растопете го на пареа или пак во микробранова печка, оставете малку да се излади, а потоа додадете го во смесата со бананите и промешајте со миксер.

Додадете го ванилиниот шеќер и брашното, па повторно добро измешајте ја смесата со миксер.

Смесата ставете ја во сад за печење кој што претходно сте го обложиле со хартија за печење. Израмнете ја убаво смесата и печете околу половина час во загреана рерна на 180 степени.

Откако ќе го извадите колачот од рерна, оставете да се излади, а потоа сервирајте.