Автокоманда ќе добие зонско паркирање

Општина Гази Баба сака да стави крај на сообраќајниот хаос во Автокоманда, па поради тоа се планира воведување на зонско паркирање.

Проектот вечерва ќе биде презентиран во 19.00 часот во Домот на културата „Димитар Влахов“, по кој ќе бидат познати повеќе детали, иако „Вечер“ веќе објави како ќе се движат цените.

Жителите на Автокоманда ќе може бесплатно да паркираат по две возила на секое домаќинство, додека останатите ќе треба да плаќаат по 25 денари за час. Се очекува да биде имплементирана и гостинска паркинг-карта која ќе чини 10 денари од час, како и месечна карта за службено возило која ќе се наплаќа 300 денари.