Ново катче за одмор во општина Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека жителите на Автокоманда добиле ново катче за одмор.

- Покрај пашечката патека на булеварот „Александар Македонски“ во делот на раскрсницата кај Шумарскиот факултет изградивме ново катче за одмор на жителите на Автокоманда, информира Стефковски.

Ова место во минатото беше запуштено и обраснато со висока трева, но од денес истото е уредено со павер елементи и нова урбана опрема.