Никола Ѓорѓиев од Црешево, општина Гази Баба боледува од карцином на коските.
Животот досега неколку пати го има ставено Никола пред сериозни предизвици. Истиот е без родители и живее со своите баба и дедо.
Во борбата со болеста на Никола му е потребна нашата помош со цел обезбедување на финансиски средства за лекување во Турција.
Граѓаните може да донираат на телефонските броеви 143-488 (А1) и 143-117 (Телеком).