Да ѝ помогнеме на младата Ива од Велес која боледува од леукемија

Ива Милошевска од Велес е храбра млада девојка која на својот профил на Тик-ток редовно споделива моменти од нејзината тешка животна борба.

Таа боледува од леукемија и како што самата вели, последните две години повеќе престојува во болница отколку во својот дом.

Во последното видео таа упати апел до сите хумани луѓе да ѝ помогнат да го помогне лекувањето бидејќи трошоците се многу големи, а таа ја има само својата мајка.

Сметка за донации: 250500025238322

IBAN CODE: MK07250780007271386

- Оваа храбра девојка и нејзината мајка се борат храбро две години, сега им треба малку наша помош! Ја гледам понекогаш на тикток и фасцинирана сум од нејзината ведрина! Да помогнеме, повика и познатата инфлуенсерка Миа Костова.