Анализа: Мнозинството Македонци не можат да си дозволат одмор од една недела

Според Еуростат над 60 проценти од граѓаните во Македонија не можат да си овозможат летување. 

Да си дозволат една недела годишен одмор надвор од местото на живеење, за повеќето граѓани на Македонија не е возможно.

Во групата со Македонија се и Србија, Кипар, Бугарија и Романија.

Граѓаните на Хрватска во однос на лани се во незначително подобра ситуација, но понатаму се во лошиот дел од листата - 58,1 проценти од населението не може да си го дозволи луксузот на еднонеделен одмор надвор од земјата.

Граѓаните на соседна Грција, која е позната туристичка дестинација, се седми по ред од дното нагоре, според финансиските можности да летуваат во странство.

Кога се во прашање останатите земји од регионот, 22,8 проценти од жителите на Словенија не можат да си дозволат летување. 

Но, повеќе од 90 проценти од Норвежаните, Швеѓаните и Швајцарците може да си дозволат барем една недела одмор надвор од земјата.