Ако ви изгледа дека целиот свет ви се распаѓа, можеби ова ќе ви помогне...

Секојдневно во пракса се среќаваме со проблеми кои во својата позадина кријат подлабоки потреби и проблеми за разрешување. Најчесто и самото тело ни праќа сигнали дека со нашиот живот нешто не е во ред и дека треба да застанеме и да видиме што всушност се случува.

Но, ретко кој го прави тоа. Ако некого го боли глава, едноставно зема аспирин и притоа не размислува за тоа што довело до главоболката. И самите сме морале да поминеме низ многу болни искуства за да ги сослушаме и да ги чуеме потребите на духот, затоа што тој од нас бара потполна промена. Таа промена најчесто премногу се разликува од животот кој дотогаш сме го воделе и затоа не е чудно што толку тешко ја прифаќаме. Таа промена со себе носи многу преиспитување, огромна количина лично вложување и преземање одговорност за сопствениот живот.

Давањето отпор на тој нов и поинаков начин на живот е уште една пресвртница која умот не ја прифаќа. Повеќето работи денес не се занимаваат со работи кои ги сакаат. А човек треба само да се обиде. Не може да не успее. Замислете ја само радоста која ќе ви ја донесе успехот. Но, сите играме на сигурна, а единствено промената е сигурна.

Практични совети

Прашање е што може да направиме во врска со тоа. Еве неколку совети:

Ако на некој начин сте биле предупредени од вашето тело (болест, несреќа, загуба), тогаш застанете. Што и да сте правеле дотогаш – застанете. Колку и да бара светот од вас некакво дејство – застанете. Броете до милион ако треба – ама застанете.

Медитирајте, размислувајте, мирувајте, слушнете што има Бог да ви каже.

Во моментот кога ќе дознаете што ви е потребно, побарајте помош и помошта ќе дојде на различни начини.

Барајте поддршка за сопствениот развој и тоа од пријателите, семејството, па и психотерапевти... Важно е да имате поддршка.

Анализирајте го својот однос со Бог и Љубовта.

Одредете се себеси. Почнете да гледате на себе како совршена Божја креација, а не да манипулирате со себе и со другите.

Направете го она што е потребно и покрај стравот, сомневањата, болката и сѐ останато.

Верувајте дека сѐ е во ред и дека сѐ се одвива како што треба. Свртете се кон себе за да бидете посреќни, поисполнети, побогати и да можете да живеете во благосостојба. Бидете себични за да можете да бидете несебични. Не можете да се одречете од нешто што го немате или сте го немале. Живејте!