Ако сакате позитивно да влијаете на светот, прво морате да го средите сопствениот живот!

Сакате позитивно да влијаете на светот? Прво средете си го сопствениот живот. Цврсто вкоренете се во универзалниот принцип такашто вашето однесување ќе стане позитивно и делотворно.

Така ќе стекнете почит и ќе станете извор на силно влијание.

Вашето однесување влијае на другите како брановите во водата, со оглед на тоа дека секој бран влијае на останатите. Моќните луѓе се моќно влијание.

Ако вашиот живот функционира како што треба, вие влијаете на вашето семејство. Ако семејството функционира како што треба, тогаш тоа влијае на пошироката заедница.

Ако заедницата функционира добро, тоа влијае на целата земја.

Земјата која добро функционира влијае на целиот свет. А светот тоа влијание го шири низ целиот Универзум.

Запомнете дека вашето влијание почнува од вас и се шири како бран.

Затоа, внимавајте вашето влијание да биде силно и позитивно. Како знам дека е така?

Сите облици на раст и развој почнуваат од плодно и моќно јадро. А вие сте тоа јадро!

          - Лао Цу

cheap nike free run 5.0