Пушењето, примарно е штетно за белите дробови и е главна причина за развивање на ракот. Исто така, слободно може да се каже дека пушењето може да предизвика и други белодробни хронични заболувања како бронхитисот и астмата.
Според некои стручњаци, за да ги исчистите белите дробови, доколку сте пушач потребно е да го консумирате овој домашен и природен напиток. Овој напиток е особено корисен и делотворен кај оние кои се пушачи подолго од 5 години.
Состојки:
2 лажички куркума
1 мало парче корен од ѓумбир
2 литри вода
400 гр. лук, исчистен и исечкан на ситни парчиња
400 гр. шеќер, препорачливо жолт
Упатство:
Водата се става во чинија со средна големина и се остава да зоврие. Потоа се додава шеќер. Откако ќе зоврие се додаваат останатите состојки. Се вари на тивок оган околу 5 минути. Потоа, се отстранува од оган и се остава да се излади на собна температура. Потоа, напитокот се чува во фрижидер.
Како се користи:
Се консумира наутро, две лажички пред првиот оброк, како и навечер истото количество веднаш по последниот оброк. Ќе забележите интензивно кашлање во периодот откако ќе почнете со консумирање на лекот. Тоа е поради тоа што вашите бели дробови ќе почнат да се чистат и да ги исфрлаат отровите и наталожените метирии на нивните ѕидови.