5 здрави навики кои можат да додадат уште 10 години на вашиот живот!

Истражувачите од „Харвард“ откриле дека со усвојување на 5 здрави навики, возрасните луѓе можат да додадат уште 10 години на својот живот.

Доколку ги практикуваат, жените можат да си го продолжат својот животен век за 14, а мажите за 12 години.

Тие пет навики се:
1. Здрава исхрана
2. Редовно вежбање
3. Одржување здрава телесна тежина
4. Ограничено пиење алкохол
5. Избегнување цигари

Тоа не е нешто што не сме го чуле и порано, но ова истражување покажува колку е реален ефектот на овие здрави навики. Имено, утврдено е дека луѓето кои живеат во склад со овие навики можат да го намалат ризикот од прерана смрт предизвикана од кардиоваскуларни заболувања за неверојатни 82% и го намалуваат ризикот да умрат од рак за 65%. Здравите поединци имаат 74% помал ризик од прерана смрт.

Истражувањето го спроведувале експерти кои 34 години собирале податоци од 78.865 американски жени и 27 години собирале податоци од 44.354 мажи. Резултатите покажале дека оние кои не пушат цигари, кои имаат здрав индекс на телесна маса и кои барем 30 минути дневно пешачат, се хранат здраво и конзумираат умерени количини алкохол, можат да влијаат на животниот век.

Според ова истражување, ако 50-годишна жена ги практикува овие здрави навики, таа може да очекува да живее уште 43 години. Меѓутоа, ако ниту една од овие навики не е дел од нејзиното секојдневние, таа најверојатно ќе живее само 29 години.

За 50-годишен маж, здравите навики можат да додадат 38 години, во споредба со 26 ако не усвојат ниту една здрава навика.

Френк Ху, главниот автор на истражувањето вели: „Почитувањето на здравите навики е на многу ниско ниво. Поради тоа, во јавноста треба почесто да се става поголем акцент на подготовката и конзумирањето на здрава исхрана и промовирање на здравиот начин на живот.“