25 совети за привлекување на изобилство и среќа

Ако сакате да привлечете повеќе љубов, успех и среќа, прочитајте ги овие совети и размислете за тоа како можете да ги вклопите во вашиот животен стил. Со мали чекори ќе ја обликувате својата перспектива и ќе стигнете на посакуваната дестинација.

  1. Очекувајте да се случи и ќе се случи. 

  2. Прочистете го вашиот ум, направете попис на своите уверувања и претпоставки, а потоа работете на тоа да се ослободите од оние за кои повеќе нема место во вашиот живот. 

  3. Вашата среќа е под ваша контрола. 

  4. Со мали чекори можете да стигнете онаму каде што сакате.

  5. Засекогаш отфрлете ги сомнежите во себе. Тие чувства не треба да бидат дел од вас.

  6. Грешките што сте ги направиле се вредни искуства кои ви се поставени на патот.

  7. Не се обидувајте да направите 100 работи одеднаш. Фокусирајте се на едно нешто и работете да го остварите тоа. 

  8. Секој ден направете барем една работа која ве прави среќни и мотивирани.

  9. Ослободете се од грижата за луѓето кои се обидуваат да ве повлечат надолу.

  10. Однесувајте се како веќе да имате сè што сакате и ќе видите како тие работи почнуваат да се појавуваат во вашиот живот. 

  11. Вложете ја својата емоционална и физичка енергија во она што го правите и ќе бидете наградени за тоа.

  12. Кога ќе го промените вашиот став, светот околу вас се менува за да се синхронизира со вашите очекувања и емоции.

  13. За секоја цел запрашајте се што треба да направите за да верувате уште повеќе во тоа дека е возможно да го исполните тоа.

  14. Бидете добри кон другите и гледајте како тоа добро ви се враќа вам.

  15. Живејте го вашиот пат, но на свој начин, а не според туѓите очекувања.

  16. Најдете ги соништата кои ве прават среќни и кои едвај ќе чекате да ги остварите.

  17. Чувајте го дете во себе и никогаш немојте да го губите тој радосен дух. 

  18. Секој ден играјте со вашата фантазија, користете ја за да си го подобрите секојдневието.

  19. Размислете за вашите лични граници и цврсто држете се за нив кога луѓе сакаат да ги преминат.

  20. Избирајте среќа секое утро кога ќе се разбудите.

  21. Вие сте совршени такви какви што сте. Вашиот уникате карактер кој ќе ви овозможи да манифестирате работи кои се само за вас.

  22. За секој предизвик запрашајте се како тоа може да ви помогне и што може да ве научи?

  23. Има доволно изобилство за сите – бидете великодушни и со отворено срце.

  24. Кога ќе се фатите дека размислувате негативно, „променете го разговорот“. Афирмирајте позитивни уверувања и постојано повторувајте ги.

  25. Живејте го животот без граници – сè е возможно ако верувате дека е возможно!