Седум најкратки совети за среќата

  1. Помири се со своето минато – за да не ти ја вознемирува сегашноста.

  2. Што мислат другите за тебе – тоа не е твоја работа.

  3. Времето лечи речиси сè – дај му шанса на времето.

  4. Немој да го споредуваш твојот живот со животот на другите и немој да ги осудуваш – немаш никаква претстава за тоа каков е нивниот пат.

  5. Не размислувај премногу – сосема е нормално да не ги знаеш сите одговори, а ќе ги дознаеш кога најмалку ќе се надеваш. 

  6. Никој не е задолжен за твојата среќа – освен тебе. 

  7. Насмеј се – не се сите проблеми на овој свет твои.