10 совети за тоа како да останете млади: Среќата доаѓа одвнатре

Отфрлете ги сите неважни бројки, вклучувајќи ги и годините, килограмите и висината. Среќата доаѓа одвнатре, бројките се само во главата.

Задржете ги сите весели и позитивни пријатели. Мрзоволните ќе ве влечат само надолу.

Продолжете да учите: сето она што ве интересира. Не дозволувајте мозокот да нема занимација. 

Уживајте во сегашниот момент со едноставни работи. 

Смејте се често, долго и гласно. Смејте се додека не останете без здив. И ако имате пријател/ка кој/а ве засмејува, поминувајте многу време со него/неа.

Солзите се случуваат: поднесете го тоа, тагувајте и продолжете понатаму. Единствената личност која е со нас цел живот сме самите ние, затоа максимално живејте го животот. 

Опкружете се со работи кои ги сакате: блиски личности, домашни миленици, духовност, музика, книги, природа, хоби, што било. Вашата куќа е ваше засолниште. 

Негувајте го вашето здравје: ако е добро – зачувајте го. Ако е нестабилно, подобрете го.

Не одете по патот на обвинувањата и каењата. Одете до паркот, во друг град или држава, но заборавете на нездравите чувства на вина, каења и самосожалување.

Кажувајте им на луѓето дека ги сакате – кога и да можете.

buy footwear | nike lunarfly 306 on feet and ankle boots size , Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Spartanova