24-годишник бил баран со три центални потерници, а фатен бил во Битола! Ова се деталите

Денеска, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Полициска станица Битола притвориле едно лице кое било барано со три централни потерници и два централни расписa.

Од МВР информираат дека станува збор за лицето Р.Е.(24) од Скопје. 

„За Р.Е. била распишана една потерница од Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор во траење од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба“, а две потерници од Основното јавно обвинителство Струмица, за постоење основано сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“, „тешка кражба“ и „разбојништво“. Двата расписа се поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ од Единицата за внатрешни работи Карпош и Единицата за внатрешни работи Гази Баба", велат од МВР.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Битола за понатамошна постапка.