10 совети за безусловна среќа

Преку овие 10 совети пронајди го својот пат кон среќата која не е условена од околностите, мислењата на другите и саботирачки уверувања.

Преку љубовта согледувај го важното и неважното

Кога ќе почувствуваш љубов во себе, следи ја и ќе сфатиш кој пат ја заслужува твојата посветеност, а кој пат всушност е слепа улица. 

Развивај ја благодарноста

Чувствувај благодарност кој својот талент, развивај го и несебично споделувај го со другите. 

Смеј се и постојано шири ја среќата

Никогаш не ја држи радоста само во себе – споделувај ја со другите на сите начини и инспирирај се преку пример. 

Живеј во мир и спокој

Сети се дека твојата нулта состојба е чист мир и спокој. Живеј на тој начин. Дозволи да постоиш и да уживаш во тоа.

Твојот раст нека се случува преку веселба и восхит

Следи го патот на твојата радост и преку нејзината светлост овозможи си раст од соништатта. Мракот во кој понекогаш стои ти овозможува појасно да го видиш светлото. Нека се распламтува преку веселба и восхит. 

Користи го умот

Стави го умот под контрола така што ќе го насочуваш и користиш во насоката која тебе ти одговара. Давај му задача која ќе ти ја заштеди енергијата. Не се бори против умот – здружи се со него. 

Вежбај и храни се здраво

Со физичката активност ќе и овозможиш на креативната енергија да се прошири низ целото твое битие, а со исхраната која ти одговара ќе го спречиш загушувањето на твоето битие. 

Негувај ја душата

Моли се, медитирај, кажувај мантри, вежбај јога или едноставно живеј во сегашниот момент. Пронајди го својот пат до внатрешноста.

Живеј во моментот

Сѐ што наоѓаш се наоѓа во сегашниот момент. Единственото нешто што те одвојува од него се размислувањата за минатото и иднината. Спречи ги тие мисли пред да се рашират. Живеј во сегашниот момент и прифати го во целост.

Сакај се себеси

Љубовта кон себе е корен преку кој добиваш духовна храна, вода, воздух и сила. Сакај се себеси и дозволи им на чудата да те однесат во земјата на твоите соништа.

Со следење барем на по еден совет дневно, внеси малку безусловна среќа и почувствувај го шармот на самодоволната љубов која ќе го отвори патот кон автентичен живот.