1.000 деца од социјален ризик бесплатно ќе зимуваат шест дена за време на зимскиот распуст

И оваа година одредена група на деца ќе добијат бесплатно зимување. 

Околу илјада деца кои се од семејства со социјален ризик, за време на зимскиот распуст шест дена ќе добијат бесплатно зимување. 

Се работи за деца родени  од 2004 до 2009  година, односно  редовни ученици кои во учебната 2018/2019 година посетуваат петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение од семејства во социјален ризик, односно корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток и децата  без родители и родителска грижа, како и деца корисници на посебен додаток до 26-годишна возраст.

-Децата имаат право на зимување шест дена, коишто ќе бидат надополнети со едукативно-забавни активности. Децата корисници на посебен додаток и/или деца со инвалидитет имаат право на придружник за време на користењето на оваа услуга, соопшти владината прес-служба.