Изгоре комбе на детска градинка во Скопје

Во Секторот за внатрешни работи во Скопје, вчера во 7 часот и 55 минути било пријавено дека  улицата „Среќко Пужалка“ во кругот на детска градинка од засега непознати причини било опожарено товарно моторно возило „Субару Либеро“ со скопски регистерски таблици сопственост на градинката.

Возилото подолго време не било во возна состојба и било оставено на наведеното место. 

Полицијата работи на расчистување на случајот.