Воспитувачка во градинка удрила дете, мајката ја пријавила во полиција

Триесет и шест годишната Е.Г. од Скопје вчера пријавила во полициска станица во Ново Лисиче дека претходниот ден кога нејзиното дете го земала од градинка забележала дека на десниот образ има оток.

-Детето кажало дека неговата воспитувачка го удрила неколку пати по десниот образ. За настанот веднаш го известила директорот на градинката, кој и рекол случајот да го пријави во полиција. Е.Г. го однела синот во Здравствена установа, каде од страна на лекар и била издадена лекарска потврда за констатирани повреди во вид на оток во пределот на лицето, информираат од МВР.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.