До темел изгоре градинката „8 Март“ во Шуто Оризари

Во населбата Шуто Оризари синоќа изгоре градинката „8 Март“. Пожарот избувнал во 1 часот и 20 минути, а 20 пожарникари се справувале со огнената стихија.

Градоначалникот Елвис Бајрам за ТВ Шења вели дека ова е голем проблем за општината. Тој вели дека не знае која е причината за големиот пожар, но се сомневаат во горивото за греење.