Методија Андонов – Ченто беше македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Во својот живот тој се борел за правата и за слободата на македонскиот народ, како и за вистината за Македонија.
Бидејќи животот си го посветил на државата и македонштината, во 2010 претседателот на Македонија, посмртно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“ орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.