Жителите од Драчево покренаа петиција за поставување за сообраќајна сигнализација

Жителите на населбата Драчево покренаа петиција за поставување за сообраќајна сигнализација. Причина за покренувањето на петицијата е смртта на девојката која што беше прегазена со мотор, во сообраќајна несреќа пред два дена.

Сите кои се во можност да отидат во Бутикот Билјана и Парфимерија Џоана (дуќаните се наоѓаат во населба Драчево) да го дадат својот потпис за поставување на семафори,обележување на пешачки премини поставување на сигнализација за ограничување на брзината на движење на возила кои поминуваат низ населбата и селото Драчево.

Доволно млади животи згаснаа на раскрсницата кај амбулантата и пазарот,кај Маркетите Гиго и Кам,кај бензиската пумпа,пред и после црквата. Време е да се преземе нешто. Време е да ги заштитиме своите деца. Не се мислете,утре може да биде доцна. Направете го сега за да во иднина се гордеете со себе!!!