Драчевчани се изборија за поставување сообраќајна сигнализација во нивната населба

Жителите на населбата Драчево успеаа да се изборат за поставување на сообраќајна сигнализација во нивното населено место.

Нивните барања беа прифатени на вчерашниот состанок со градоначалничката на Општина Кисела Вода. Деновиве се очекува екипите да излезат на терен каде ќе започнат со поставување на сигнализација, обележување на пешачки премин, поставување столбови по тротоарите, осветлување и поставување на лежечки полицајци.

Веќе за денеска најавен е состанок со Министерот за Внатрешни работи, Оливер Спасовски, во петок со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и истиот ден состанок во Полициската станица Драчево.