Фејсбук страната „Ѓорче Петров“ утрово преку свој статус на Фејсбук се закани со протести доколку не се реши проблемот со ареозагадувањето во нивната општина.
-Утринава повторно на „врвот“ на загадување во Скопје, веднаш по Карпош. Кога ќе споредите колку автомобили, луѓе и концентрација на движење има во Карпош, а потоа дека Ѓорче е веднаш по него со аерозагадување, заклучокот е повеќе од загрижувачки.
Податоците се од официјалната страна на Министерството за животна средина (http://air.moepp.gov.mk/?page_id=175).
Во текот на вчерашното претпладне Центар беше на првото, ние на второто место.
Со падот на температурите грејната сезона влегува во полн ек.
Институциите молчат, а најсериозните мерки им се ”работни” акции кои се организираат на ниво на лотарија, ако зачистат граѓаните тоа и тоа, како награда ќе добијат тоа и тоа. ГРАЃАНИТЕ ДА ЧИСТАТ !
Сакаме да упатиме јавно прашање до локалната и градската самоуправа.
Замолуваме да се пренесе до што повеќе луѓе и медиуми !
ИМА ЛИ НАМЕРА НЕКОЈ ДА ПРЕВЗЕМЕ НЕШТО ?
Ѓорче станува гасна комора, а никој мува не го лази.
Доколку како граѓани, не не уверите дека навистина превземате мерки за да го решите овој проблем, најавуваме организација на МАСОВЕН ПРОТЕСТ !
Бидејќи секој од нас заслужува да дише!, стои во нивниот пост на Фејбсук.