Жители на Слупчане сами сакале да приклучат струја, па оставиле три села без електрична енергија

Оризаре, Ваксинце и Лојане поради насилното влегување на лица од Слупчане во енергетски објект останаа без струја, објави „Канал 5“.

Неколку лица од Слупчане синоќа насилно влегле во енергетски објект на Електродистрибуција и сакале сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.

Овој обид предизвикал дефект кој оставил уште три соседни села без струја. Екипите на ЕВН се обиделе да влезат во Слупчане за да го отстранат проблемот, меѓутоа не им било дозволено од жителите.