Тројца арачиновци оставиле 160 соселани без струја

Веќе шест дена без струја се 160 жители на Арачиново бидејќи не може да се поправи дефект на извод на дистрибутивната мрежа на ЕВН, зашто тројца арачиновци не дозволуваат такво нешто, објави „Плусинфо“.

Арачиновците А.Ќ., Р.С. и Д.Н. не биле загрижени за нивните соседи кои мора да живеат во мрак и ги спречувале екипите на ЕВН да го санираат дефектот.

Од ЕВН за „Плусинфо“ велат дека ги користат сите правни мерки за да се реши проблемот.