Жичарницата на Водно од денеска со ново работно време

Жичарницата на Водно од денеска (01.11.2023), ќе работи по зимски режим, односно од 10 до 17 часот.

Во период 16-16:30 часот ќе биде последно возење од долу кон врвот, односно во 16:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период ноември-март.

И натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови на објектот.