ЈСП утре и задутре ќе вози по неделен возен ред

Од ЈПС информираат дека утре, петок (21.04.2023 год), поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

И во сабота автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време, како и Жичарницата.