Таа е алфа жена – амбициозна, дисциплинирана, организирана, трпелива, одговорна и практична. Таа е фокусирана на целта и среќна кога ќе дојде до неа.
Станува збор за жената родена во знакот Јарец.
Како типична претставничка на земјените знаци, таа цврсто стои на земја и не е склона кон сонување и идеализирање на светот. Таа е многу реална и живее во стварноста, во која зема тоа што може. Никогаш нема да го земе тоа што не го заслужува, бидејќи мисли дека работите кои вредат бараат борба.
Таа е неверојатно силна жена. Умее ненаметливо и достоинствено да ги натера другите да се прашаат дали се вредни за нејзиното внимание. Но, ако ве избере за свој партнер, тогаш нејзината љубов ќе гори постојано и топло. Таа ќе го одржува пламенот со својата страст, но и силна одговорност, должност и посветеност. Со неа, полека станувате подобра личност, а не сте ни свесни како.
Кога и е лош денот, може да биде премногу тврдоглава, нерасположена, срамежлива па дури и песимистична. По природа, таа не се заљубува на прв поглед, ниту пак троши време на флерт кој не води никаде. Таа е одлична љубовница, која се грижи за својот партнер и се труди постојано да му угодува. Но, тоа го прави само ако се чувствува сакана и среќна.
Таа освојува со својата класична убавина, а прво што ќе забележите е нејзината елеганција и шарм.