Здружение „Наши“: Утре пред Владата ќе упатиме апел за носење на Законот за заедничко родителство

Здружението Наши утре ќе организира родителски караван со автомобили во Скопје со почеток во 11:00 часот а ќе продолжи кон Министерството за правда за на крај да заврши пред Владата.

„Пристигнувањето пред Влада ќе биде во 11:55 часот каде ќе упатиме апел дека е крајно време да се донесе долгоочекуваниот Закон за семејство со вклучено заедничко родителство по развод како прва и основна опција за родителите кои се разведуваат. Сакаме да пренесеме порака дека треба да се прекине сегрегацијата на родителите при развод од која најзасегнати се нашите најмили-децата“ се вели во соопштението на здружението