“Дрво на импресии” поставено на клиниката за хематологија

По повод одбележувањето на светскиот ден за подигање на свесноста за крвниот рак лимфом, Здружението “БОРКА - за секој нов ден”, како член на Алијансата на пациентски организации во Македонија – АПО и Лимфома Коалишн (Lymphoma Coalition - светска алијанса за лимфом), викендов ја започна својата кампања со информирање на граѓаните преку спроведување на интересен квиз кој сите имаа можност да го решат и да го тестираат своето познавање за лимфните јазли.

Исто така, активностите денеска продолжија со поставување на “ДРВО НА ИМПРЕСИИ” на Клиниката за хематологија каде што пациентите ќе можат да ги оставаат своите пораки, забелешки и сугестии за работата на клиниката, со цел истите да бидат што поуспешно спроведени. Секој ден од 12ти до 16ти Септември, волонтерите на БОРКА, во соработка со медицинскиот персонал на Клиниката за Хематологија ќе им помагаат на пациентите, своето лично искуство да го пренесат во пораки напишани на дрвото кои понатаму ќе бидат доставени до менаџерскиот тим на клиниката.

Во четврток, на 15ти Септември 2016, со почеток во 14 часот, во ЕУ ИНФО Центарот во Скопје ќе биде орджана едукативна трибина и прес конференција на која можат да присуствуваат сите заинтересирани.

На трибината ќе се обратат Г-ѓа Биба Додева, претседателка на Здружението БОРКА и на Алијансата на пациентски организации, Проф.Др.Лидија Чевреска и Проф.др. Борче Георгиевски од Клиниката за Хематологија во Скопје.

Лимфомот е рак која не смее да се игнорира!

Лимфомот е најчест хематолошки канцер. Во Европа моментално се дијагностицирани 360 000 пациенти (135 000 нови случаеви секоја година) и околу 32 000 се уште умираат од Лимфом и хронична лимфоматска леукемија. Во РМ бројот на новозаболени од лимфоми е во постојан пораст, во последните години бројката достигна до 140 новодијагностицирани пациенти со НХЛ.

Потребно е понатамошно подигнување на свесноста за важноста за Лимфомот во нашата земја, и да пратиме заеднички повик до инситуциите на системот за унапредување на дијагностиката и третманот на овие болни во РМ