Здраво кафе за почеток на денот – со чиа семки!

Состојки:

150 милилитри бадемово млеко

1 банана

1 шолја изладено еспресо (приспособете според вкус)

20 грама чиа-семки

1 лажица екстракт од ванила

Приготвување:

Ставете ги сите состојки освен семките во блендер и добро изматете. Потоа сипете ја мешавината во чаша и додајте ги чиа-семките. Оставете да отстои 10-тина минути, и повремено мешајте. За крај, додајте неколку коцки мраз и уживате во вашето здраво кафе!