Здравјето пред сè: Скопјани му пркосеа на студот и снегот на Водно (ГАЛЕРИЈА)

Изминатиот викенд Скопјани на Водно ја покажаа својата желба и елан за одржување на спортскиот дух и покрај ниските температури и силниот ветер, како и снежната покривка која го обели Водно минатата недела.

Бајковитите пејсажи од снежната покривка кои беа главна тема во градот последните неколку дена, беа причина плус сите љубители на спортот и здравиот начин на живот да го посетат Средно Водно овој викенд и да уживаат во чистиот планински воздух. Похрабрите, иако со заруменети лица од ладниот ветер, сепак насмеани се фотографираа и уживаа во панорамската глетка на Скопје од самиот врв кај Милениумскиот Крст.

Претставниците од Synergy фитнес и спа центарот во Скопје, решија да ги изненадат сите присутни на Водно и да ја поздрават решителноста на граѓаните да бидат поактивни. Со споделување на бесплатни неделни фитнес ваучери тие им го разубавија викендот на сите родители, млади парови како и на сите ентузијастичните тинејџери кои во големи друштва му пркосеа на ладното време со насмевки и селфи фотографии.