Викенд во Скопје исполнет со вежбање и одлична забава

Скопје викендов живее во духот на фитнесот, здравиот начин на живот и забавата. Имено, од вчера во нашиот главен град присуствува најдобриот инструктор по ултра популарните фитнес програми, Insanity и PiYo, Иван Германов од Бугарија, кој во Synergy Fitness & Spa одржува отворен тренинг камп.

Имено на 4,ти, 5ти и 6-ти март во Скопје, Иван кој повеќе од 12 години е фитнес инструктор, ќе одржи бесплатни 4 интензивни тренинзи.

Вчерашниот час по Insanity помина со неверојатно големо внимание од јавноста. Над 50-на девојки и момци, но и постари вљубеници во најпопуларните во моментов фитнес програми во светот, Insanity и PiYo, буквално ја преполнија салата и вежбаа заедно со Иван.

- Прекрасно се чувствувам во Скопје и навистина сум изненаден од тоа колку луѓето тука сакаат да вежбаат. Insanity е фитнес програма која е изградена врз основа на програми за подготовка на професионални спортисти, но е адаптирана и направена да биде достапна за масовната публика и навистина ми е мило што вчера во 17:00 часот Synergy Fitness & Spa беше место во кое дојдоа многу луѓе и заедно споделивме позитивна енергија. Се надевам дека денеска, но и утре, исто така ќе биде многу забавно, особено на PiYo вежбите кои se oдличен тренинг режим кој ми дава стабилност и цврстина. PiYo е комбинација од Пилатес и јога, но со малку поголем интензитет, изјави Германов.

Тренинзите кои ќе се одржат денеска, сабота, од 10:00 до 11:00 PiYo и од 16:00 до 17:00 часот Insanity, како и во недела од 12:00 - 13:00 PiYo вежбите се бесплатни.