Заврши Балканскиот шампионат во одбојка на песок во Скопје

На терените на „Градска плажа“ покрај реката Вардар во Скопје синоќа заврши Балканскиот шампионат во одбојка на песок за играчи до 22 години во машка и во женска конкуренција. Првото место кај мажите го освои Бугарија 1, додека во женска конкуренција прва беше селекцијата на Србија.

Во финалниот натпревар кај мажите Бугарија 1 (Димитар Калчев и Георги Стојанов) го победија тимот Молдавија 1 (Евгени Пападиул и Михаил Лузуол) со 2-1 во сетови (21:18; 15:21 и 15:11). Третото место го освои тимот на Романија (Лауреан Крисен и Лусиан Бадичеану).

Кај жените во финалето Србија (Милица Бјелански и Анџела Ељсан-Јосиќ) ги победија Молдавија 1 (Марија Иџиов и Елисавета Суслова) со 2-1 во сетови (21:18; 20:22 и 18:16). Третото место го освои тимот на Косово (Валмира Рамадани и Ерона Махмути).

cheap nike free run 5.0