Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев синоќа заедно со АЦХ Волеј од Љубљана го освои пехарот во словенечкото првенство.
Екипата на македонскиот одбојкар славеше и во третиот натпревар против Калцит Волеј (3-1) и така го освои 19. шампионски трофеј.
Ѓоргиев е најдобар македонски одбојкар и се очекува да биде лидер на македонската репрезентација на Европското првенство (ЕП), кое се игра оваа година.