Затвореник осуден на 13 години, почина од срцев удар во затворот „Идризово“

Скопјанецот Џенгис Џемаил(54), кој беше осуден на 13 години затвор за убиство, починал денеска од срцев удар во затворот „Идризово“, дознава Досие.мк.

Затвореникот починал додека бил на прошетка. Тој и претходно се жалел дека има проблеми со срцето, но наводно не добил соодветна лекарска нега.

Тој беше осуден за убиство на Амел Зверотиќ, кого го застрелал во приколка кај езерото Треска во 2006 година, за наводен долг од 100.000 евра.

Џенгис првично беше осуден во отсуство на 20 години затвор, но по апсењето пред неколку години повторно му се судеше. Тогаш доби 13 години затвор, а казната му беше потврдена пред неколку дена во Аплецискиот суд, по што од затворот во Шутка бил пренесен во „Идризово“.

air max 90 essential size