Започна реконструкцијата на улицата "Даскал Камче" во Карпош 1

Започна реконструкцијата на дел од улицата "Даскал Камче", во Карпош 1.

Асфалтирањето е во должина од 100 метри, а до крајот на годината и целосно ќе се реконструира оваа улица. Исто така, во претстојниот период ќе се реконструираат и делови од улиците "Бранислав Нушиќ" и "Гиго Михајловски", во Карпош 1. Продолжуваме со подобрување на инфраструктурата, со цел да имаме поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, изјави градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.